Османи за американскиот тим за санкции: „Ние побаравме да ни помогнат против корупцијата“
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека самата Македонија побарала САД да ни помогне во борбата против корупцијата.
Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата.
Меѓутоа, во однос на изјавата на Агелер во која вели „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за сеопфатен поглед на корупцијата во земјава и дека поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа.
07.12.2022 - 18:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа