Османи: Нови избори на северот на Косово по потврда за смена на градоначалниците
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека по смената на градоначалниците во четири општини на северот на Косово, ќе распише нови избори во рок од 30 до 45 дена.
„Централната изборна комисија (ЦИК) продолжува со конечното потврдување на потписите и верувам дека многу бргу ќе го одобрат она што се нарекува оперативен план, со кој се предвидуваат датумите на сите други процедури, вклучително и кога ќе се одржи смената на градоначалниците. Веднаш по таа потврда, за која се потребни повеќе од 50 проценти од целото гласачко тело да гласа ‘за’, во рок од 30 до 45 дена како претседател ќе закажам локални избори“, рече Османи, пренесува Радио Ким.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа