Османи: Има фактори кои сакаат да не одвлечат од патот на ЕУ
Во нашата држава секогаш има фактори кои сакаат Република Северна Македонија да се одвлече од патот на ЕУ и да се одржи перманентна латентна криза, затоа што тогаш трети фактори од надвор најдобро го имаат своето влијание, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Наша задача е да не делуваме на емотивна основа. Мора ладнокрвно да ја согледаме нашата перспектива и интерес. Во овој правец граѓаните да немаат сомнение дека политичките партии во Владата, независно од етничка припадност, се сплотени како никогаш досега во историјата на оваа држава во заштитата на националните интереси и на македонскиот народ, и на Албанците и на другите и на државата во целина. Нема никој да не обесхрабри во таа наша политика или пак да не сподели во таа сплотеност, што има историска димензија, порача Османи, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал го посетија полицискиот центар во Ѓорче Петров и присуствуваа на показна вежба на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата К9.
Од историска перспектива, истакна Османи, она што ние двајца како претставници на две политички партии и двете најголеми етнички групации споделуваме иста визија за иднината, е нешто што ретко може да се најде во друга држава во регионот, па и воопшто во историски контекст во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа