Општина Аеродром повикува на смиреност - Нови детали по најавите за бомби во училиштата
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2025/02/07/screenshot2025-02-07091319.jpg?itok=BB0p80yh)
"По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава". Ова денеска го напишаа од општина Аеродром на официјалниот Фејсбук профил, по дојавите за бомби кои направија паника во Скопје.
Велат дека по дојавите, било постапено согласно со протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата биле безбедно евакуирани.
- "Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар", велат од таму.
07.02.2025 - 09:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа