Потресен статус за Фросина: "Адвокатите на ѓаволот ќе паднат, нејзиниот дух го менува системот"
"Духот на Фросина веќе го менува системот... И адвокатите на ѓаволот ќе паднат пред нејзината ангелски чиста енергија!" Ова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го напиша професорката Татјана Алексиќ.
Таа и претходно имаше објавено потресен статус за младата Фросина Кулакова од Неготино која ја зави цела Македонија во црно.
- "Срцето на Фросина бие над Булеварот Партизански Одреди. Долго ќе ечи како sвоно на камбана, како што вели Хемингвеј во романот ,,За кого бијат камбаните": ,,Не прашувај за кого бијат камбаните. Тие бијат за сите нас". Со еден згаснат млад живот, згаснува дел од сите нас. Сочуство до двете семејства, едното што изгуби драгоцено чедо, другото што изгуби право на мирна совест", напиша претходно професорката.
Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа