Охриѓанка договарала камати па си земала пари и за себе
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид.
Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа