Од март, поголема минимална плата од 22.500 денари, велат од СДСМ
СДСМ, истакнуваат од оваа партија, го продолжува растот на платите и во 2024 година.
Најавуваат дека од месец март следува ново покачување на минималната плата, кое ќе биде 22.500 денари.
„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.
Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.
Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата“, појаснуваат од партијата на власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа