Од 1 јуни директен лет од Скопје до грчкиот остров Крф
Грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф од 1 јуни, соопшти Екс-Ју Авијација.
Од скопскиот аеродром ќе се лета секој вторник и сабота, додека возвраните летови се планирани за среда и недела. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.
Во моментов, повратен билет е со почетна цена од 220 евра.
Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.
02.04.2024 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа