Ново значително поскапување на горивата: Овие цени ќе важат од полноќ

 

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 24.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102% или за 0,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,304% или за 25,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% или за 25,800$/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049% или за 6,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,1046 ден/$ и е за околу 0,41% повисок од курсот на доларот (60,8551 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,91%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,978 ден/кг.

25.08.2022 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега