Нови вмрежувања на македонската стрип сцена

 

Стрип центарот на Македонија- Велес продолжува со отварањето врати за македонските стрип автори кон нивна промоција надвор од државата.

Како што не извести Томе Трајков –програм координатор на македонскиот стрип центар , оваа базична  организација на 9 уметност кај нас веќе се вклучена во:

· Европскиот форум на илустратори (асоцијативно членство) како и во

· мрежата CAN for BALKANS –(Comics Alliance Networking for Balkans) заедно со партнери од :Романија, Србија , Албанија , Белгија

Мегутоа , веќе од почетокот на оваа недела , преку свој претставник (младата Ангела Петрушевска од Скопје) СЦМ зеде учество во проектот ECHO академија на стрип уметници.Проектот е имплементиран од страна на INTER ALIA, Грција заедно со : ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО од Бугарија, СФЕРА ИНТЕРНАЦИОНАЛ од Македонија. PRO PROGRESSIONE,Унгарија и CUMEDIAE, Белгија .Проектот е кофинансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА на Европската Унија.

Имено, млади стрип автори од Грција, Бугарија, Србија, Холандија , Ирска  ќе престојуваат на оваа стрип академија во Атина во период од 3 недели и ќе создаваат:

·         уметничко дело инспирирано од куклен театар на сенки „Карагоз“. Избраните уметници ќе создадат оригинални стрип-уметнички дела (2-5 страници по стрип уметник) кои ќе бидат објавени во колективен издание  од издавачот  Jemma Press од Грција и

·         план за пилот проект дизајниран да се спроведе во нивната матична земја во соработка со Интер Алија и локалната матична организација.

Томе Трајков додаца дека придобивки за ангажираните стрип уметници се: Развој на портфолио,Развој на капацитети,Вмрежување, меѓународна соработка и видливост,Менторство и индивидуални консултации како и консултации за пазарност

Додека пак придобивки за матичните организации се: Развој на капацитетите .вмрежување, меѓународна соработка и видливост

На крај , Томе Трајков ја нагласува позитивната комуникација со носителите на проектот од Грција на коишто ,како што потенцира , не ја применувале додавката „Северна“ во името на нашата татковина. Впрочем секоја вистинска соработка се базира на почит кон државата (заедно со историја и јазик ), почит  кон организацијата како и почит кон целокупната македонска стрип сцена.

14.06.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега