Нови потсоеви на коронавирусот пристигнаа во Црна Гора

 

 

Нови соеви на коронавирус – ерис и форникс – пристигнаа во Црна Гора, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Ја информираме јавноста дека лабораториите на Одделот за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ги потврдија првите случаи на инфекција  EG.5.1 (Eris) и FL1.5.1 (Fornix), потсоеви на варијантата омикрон на вирусот на САРС-КоВ-2. „Црна Гора со тоа се приклучи на списокот со земји во кои што е регистрирана појава на мутирани потсоеви на омикрон“, соопшти Институтот.

Се очекува да стане доминантен во Црна Гора во наредниот период.

Податоците собрани со следење на глобалната циркулација на вирусот покажуваат дека симптомите на инфекција со овие потсоеви се исти како и кај претходните варијанти на вирусот, пишува „Дан“.

04.09.2023 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега