Нови инвестиции во инфраструкурата за образование и социјална заштита во Аеродром

 

Пред почетокот на учебната година, Општина Аеродром заврши со реконструкција на внатрешноста на основното училиште „Браќа Миладиновци“, додека во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата на детската градинка „Пчелка 2“. Станува збор за инвестиции кои се целосно финансирани од буџетот на Општината и проекти изведени согласно највисоките стандарди.

Во следниот период започнува и реконструкцијата на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче. Со ова, завршува уште еден инвестициски циклус кој се реализира во текот на 2023 година, а кој вклучуваше низа проекти реализирани и поврзани со инфраструктурата и воспитно-образовниот процес.

Преку инвестициите во инфраструктурата поврзана со воспитно-образовниот процес, креираме подобри услови за растење, развој и образованието на младите од Аеродром. Тие се иднината на општината, а ова се проекти со кои даваме поддршка кон создавање здрава и едуцирана младина.

14.09.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега