Нови цени на горивата од полноќ: Бензинот ќе поевтини, а дизелот ќе поскапи
На „gorivo.mk“ беа објавени најновите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ во Република Македонија.
Цената на литар бензин БС-95 се намалува за половина денар и од полноќ ќе се продава по 84 денари, додека бензинот БС-98 ќе се продава за денар поевтино, т.е. 86 денари.
Дизелот, од друга страна, ќе поскапи и од полноќ ќе се продава за 91 денари за литар.
26.09.2022 - 13:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа