Нови цени на горивата од полноќ
Денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ќе заседава и ќе донесе одлука за зголемување или намалување на цените на горивата по полноќ.
Инаку, претходната недела, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука малопродажните цени на нафтените деривати да се намалуваат во просек за 5,28 % во однос на Одлуката од 29.11.2021 година.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,527 (денари/килограм).
Дали ќе има покачување или дополнително поевтинување на горивата, останува да видиме од одлуката на Регулаторната комисија која ќе ја донесе утрово, по што дополнително ќе информираме за новите цени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа