Внимавајте: Овие делови од телото секогаш забораваме да ги заштитиме од сонцето

Полека започнува летната сезона и не е лошо малку да се подготвиме за претстојните одмори. Сите знаеме дека треба да користиме соодветна крема за заштита од сонцето, но понекогаш се случува на некои места од телото да не обрнуваме толку големо внимание.

Huffington Post направи листа на делови од телото кои забораваме да ги заштитиме:

1. Ушите

Според студијата направена од The Skin Cancer Foundation Journal во 2007 година, ушите се третото најчесто место на кои се јавува базоцелуларен карцином на кожата кој сочинува 80 проценти од неагресивните типови на рак на кожа.

2. Кожата околу пазувите

Кожата околу пазувите е многу нежна и затоа е потребно да се намачка со средство за заштита од сонцето. Многу често се случува да не обрнуваме внимание под и околу пазувите, а чувството доколку кожата е оштетена од сонцето знае да биде и малку непријатно.

3. Усните

Особено долната усна бара поголема заштита, односно крем со заштитен фактор, бидејќи постојат 12 пати поголеми можности на неа да се развие рак отколку на горната усна. Особено внимание треба да обрнат мажите со оглед на фактот дека кај нив ракот на усните е 13 пати почест отколку кај жените.

4. Задниот дел од колената

Воопшто не го гледаме тој дел од телото и затоа обрнуваме малку внимание, но сепак не треба да го заборавиме.

5. Дланките и стапалата

Со оглед на тоа што заштитната крема ја нанесуваме со рацете, многу малку внимание обрнуваме на дланките и стапалата.

6. Под костимот за капење

Сонцето може да ја изгори кожата и преку ткаенини, затоа се препорачува мачкање со заштитна крема пред облекување на костимот за капење, за да не се пропушти ниту еден дел од телото.

7. Очните капаци

Кога го мачкаме лицето, треба да обрнеме и на очните капаци бидејќи станува збор за нежен дел на кожата кој треба да се заштити.

Извор: Кајгана

26.06.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега