Со БМВ дивеел со 173 км на час - Македонската полиција приведе две лица

 

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот на регионален пат Тетово-село Јажинце, на влез за селот Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од селото Порој, тетовско, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 км на час во населено место.

Истито ден во 18.54 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај место викано „Студена вода“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(35) од селото Ѓермо, тетовско, кој управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 173 км на час на место каде каде дозволената максимална брзина е 100км на час, надвор од населено место.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

22.04.2025 - 10:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега