Панчев Кралев оди во Кабинетот на Груевски
Донесени се повеќе нови кадровски решенија во рамките на Владата. Панче Кралев оди на нова позиција, советник за образование во Кабинетот на Премиерот на Македонија. Тој го менува своето досегашно место од министер за образование и наука во советник на Премиерот, откако формално правно си поднесе оставка на позицијата министер уште на 19. април 2013.
Панче Кралев останува во тимот на Премиерот како негов близок соработник и советник за прашањата од образованието интензивно помагајќи во процесите и реформите за подобрување на образовниот процес во државава. Тој како министер беше вклучен во многу крупни и есенцијално важни проекти, кои имаа за задача подигнување на квалитетот на образованието преку реализација мерки како: изградба и реконструкција на училиштата, обезбедување на стипендии за најреномираните универзитети во светот, успешно завршување на подготовките за екстерно тестирање, превземање учебници од британскиот образовен систем итн.
На негово место доаѓа Спиро Ристовски, досегашен министер за труд и социјална политика кој пак во својот дел., во сферата на социјалната политика воведе новини, сериозни и длабоки реформи како и законот за минимална плата, за заштита од мобинг, повеќе оперативни планови за реализација на мерки за вработување, проект бесплатен одмор за деца од социјално загрозени семејства..На местото на Ристовски доаѓа Диме Спасов, актуелен директор на скопски катастар и поранешен државен секретар во министерството за правда и директор на Агенцијата за млади и спорт. Нов министер во Владата е Џери Наумов кој ќе биде министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. Тој има меѓународно искуство и работел на американска почва.
ФОТО: Влада.мк