Доисплатата на грозјето на следниот Економскиот социјален совет на Кавадарци

 

Економскиот социјален совет на Кавадарци на следната седница ќе расправа за доисплатата на грозјето од страна на некои винарски визби. Вака одлучија денеска неговите членови кои, според претседателот Илија Тренчев, ги следат проблемите на кавадарчани и изнаоѓаат начини за нивно решавање.

Една од точките на наредниот состанок на Советот ќе биде и предлогот за формирање посебна комисија која ќе ја разгледа состојбата со штетите од град и болести кај лозовите насади во Тиквешко. 

21.06.2014 - 14:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега