Легализирани 50 отсто од дивоградбите во Штип

 

Во Општина Штип легализирани се околу 5.000 дивоградби од над 10.000 објекти за кои сопствениците поднеле барање.

Лазар Хаџи -Николов од Одделението за урбанизам при Општина Штип вели дека останатите барања се некомплетни, односно им недостасува геодетскиот елаборат.

Тој апелира граѓаните да ги комплетираат барањата со цел комисиите и администрацијата побрзо им ги легализираат објектите.

- Ги потсетуваме граѓаните кои досега немаат поднесено барања за легализација и на тарасите, а кои се пренаменити во станбен простор и сега можат да го сторат тоа, да дојдат кај нас и да поднесат барање, вели Хаџи- Николов, пренесе МИА.

Тој додава дека општинската администрација е брза и ефикасна за легализација на дивоградбите во Штип, бидејќи досега се легализирани околу 50 отсто од објектите.

20.06.2014 - 12:51
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега