Адеми нов министер за образование - Ристовски останува во МОН

 

Во Министерството за образование и наука денеска беше  извршено примопредавање на функцијата министер за образование и наука, помеѓу досегашниот министер Спиро Ристовски и новоизбраниот Абдилаќим Адеми.

Ристовски му посака успешна работа на новиот министер за образование Адеми истакнувајќи дека со него и досега соработувале и реализирале многу проекти во Владата: - Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите и многу успех во секојдневното функционирање на МОН. Во изминатиот период со сиот мој капацитет се заложив максимално да ги реализирам проектите кои што беа предвидени во рамките на програмата за работа на Владата и верувам дека кај голем дел од грѓаните постои задоволство од сето она што го реализирав, истакна Ристовски.

Ристовски на учениците и сите кои се дел од системот на образование им посака успех во следниот период, додека новиот министер истакна дека образованието е комплексна област и тоа што Ристовски останува во МОН е голема предност за него бидејќи тоа значи дека ќе има континуитет во рабоатата во МОН.

-Ќе продолжиме да ја имплемeнтираме програмата на Владата во областа на образование и наука. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори и финасиски средстсва и соработа. Се надевам дека и со досегашната динамика како што работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму, посочи Адеми.

20.06.2014 - 11:55
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега