Еве колку дивоградби биле регистрирани лани во Македонија
На територијата на Македонија во текот на минатата година се регистрирани 1.275 бесправно изградени објекти.
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, нелегално се изградени 247 објекти за домување (19,4 проценти), 174 доградби, надградби и адаптации (13,6 проценти), 108 деловни објекти (8,5 проценти), 100 гаражи (7,8 проценти), 201 огради (15,8 проценти), 13 скалила (1 процент), 105 настрешници (8,2 проценти), 126 времени објекти (9,9 проценти), 132 помошни објекти (10,4 проценти), 58 тераси (4,5 проценти), 11 летни тераси (0,9 проценти).
Прегледот на статистика покажува дека во 2013 година се евидентирани најмногу дивоградби во Скопје, 484, по што следат Охрид со 94, Струмица 73, Прилеп 43, Штип 41, Липково 40, Струга 35, Куманово 31, Чашка и Дебар со по 27, Тетово 21, Кичево и Кочани со по 20.....
Најголем број бесправно изградени објекти (98,3 проценти) се во приватна сопственост, покажуваат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа