Карванот за „Фискална во рака-награда без мака“ стартуваше во Куманово

 

Карванот за наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ денеска почна од Куманово каде граѓаните масовно го посетија продажното место во центарот на градот и ги оставаа ковертите за наградната игра.

Во првото извлекување на наградната игра, еден од добитниците на главните  награди беше 70-годишниот кумановец Трајко Кузмановски, кој освои стан во Скопје. - Еден месец собирав фискални сметки од различни продавници, пред се од маркетите. Се надевам дека ќе освојам една од главните награди, а ако не се случи, тогаш посакувам  да добијам бела техника, изјави Јулијана Костадиновска.

Околу 30 коверти испрати Мица Крстевска, која и претходно учествувала во наградната игра.

- По моја проценка, пристигнаа над  4.000 коверти. Се наполнија две кутии, а до крајот на извлекувањето сигурно ќе има уште заинтересирани. Наградите се примамливи за кумановци, изјави Благоја Цветковски, продажен менаџер на пунктот „Кеопс“.

Карванот за оваа наградна игра завршува на 29 јуни во Струга.

17.06.2014 - 15:28
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега