Светска банка го предупредува светот да се подготви за нова криза

Време е светот да се подготви за следната криза, предупреди Светска банка, намалувајќи ја јануарската прогноза на глобалниот стопански раст. Прогнозираниот раст е намален од 3,2 на 2,8 отсто.

Сеопштото болно и бавно стопанско зајакнување од претходната глобална финансиска криза, како што го оцени Светска банка, посебно се гледа во Европската унија, која бележи колеблив напредок.

Додека главните стопански конкуренти на Европа оваа година можат да очекуваат раст на БДП, Кина од 7,6 отсто, а САД од околу 2,1 отсто, ЕУ во целина до крајот на 2014 година може да се надева на раст од само 1,2 отсто, смета Светска банка.

16.06.2014 - 20:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега