Го врзале па го удавиле - детали за мажот кој беше фрлен во Сава со цигли на нозете

Откриен е идентитетот на мажот кој беше пронајден во фаза на распаѓање во Сава. Се работи за 34-годошниот Џемсија Д. кој во вторникот беше пронајден во Сава, со селотејп на очите и цигли околу нозете.

Како што дознава српскиот Ало, целата глава на несреќниот маж била излепена со селотејп, а на нозете му биле ставени цигли. Стравичната глетка ја забележало семејство кое се нашло на местото на настанот. Тие ја известиле полицијата, која веднаш пристигнала на местото на настанот, а според обдукцијата, Џемсија починал од давење, што значи дека бил жив кога некој го фрлил во Сава. На неговите нозе кои биле прекрстени имало цигли, а лицето не му се ни гледало. На левата рака имал конци, а на десната траги дека бил врзан.

Починатиот е од ромска националност и од претходно и бил познат на полицијата, како сторител на кривични дела, бидејќи учествувал во голем број кражби.

 

 

 

12.06.2014 - 09:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега