Хорор во Босна и Херцеговина: Се урна рингишпил, има повредени

Вчеравечер се урна рингишпил Во Добој, северна Босна и Херцеговина, во Паркот на народни херои, при што беа повредени децата кои се наоѓаа на него, пренесе босански Фактор.

Четири деца се повредени, а нивните родители ги пренеле на раце во блискиот Здравствен дом.

Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе ги однеле децата.

На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите под конструкцијата на рингишпилот извлекле повредени деца.

Сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.

25.06.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега