Вина на Стоби се закитија со награди во Софија

 

Виното „Сирах 2011“ на винаријата Стоби доби злато, а „Вранец Веритас 2011“ и „Шардоне барику 2012“ од истата винарија сребро на Меѓународниот Балкански вински натпревар кој се одржа во Софија.

- Наградите од вакви натпревари се подеднакво важни како и претставувањето на саеми, ако таму ја добивате потврдата од директните консументи овде квалитетот на вината е оценуван од вински експерти и сомелиери со светско реноме што ја потврдува тежината и важноста на награда. Сето тоа прави Стоби вината да бидат барани на европските пазари, препознатливи и ценети што е огромна придобивка и за нас како винарија, а и за Македонија како вински регион, вели Дане Јованов, директор на Винарија Стоби.

Вината на Стоби се натпреваруваа во конкуренција од над 300 вина од сите балкански држави. Оценувачи на квалитетот на вината беа познати сомелиери и вински експерти од светски ранг како Каролин Гилби, Род Смит и Константинос Лазаракис. 

11.06.2014 - 12:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега