Излетал со комбе и удрил во заштитна ограда: Загина маж од Крива Паланка
Вчера во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда.
После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа