Наумофф ја промовираше Македонија во Канада

 

Министерот Наумоф е во тридневна посета на Канада поканет како главен говорник на престижниот Меѓународен економскиот форум на Северна Америка кој се одржува во Монтреал од 8-12 јуни 2014 година. На овој светски економски форум присуствуваат повеќе од 3000 бизнис лидери, високи политички претставници од целиот свет и економски експерти.  Амбасадата на Република Македонија во Отава обезбеди учество на овој форум, како и бројни билатерални средби во делот на привлекување на странски инвестиции во Република Македонија.

Во рамките на посетата, беа организирани билатерални средби со лидери на најголемите бизнис асоцијации во Северна Америка и менаџери на првите 500 рангирани најуспешни мултинационални компании на светско ниво, кои пројавија интерес за инвестирање во Македонија.

 

-Панелот на кој говореше Министерот Наумоф беше најпосетен панел на конференцијата следен од бројни медиуми, а на истиот учествуваа поранешни премиери на држави и неколку актуелни светски лидери. Говорот на Министерот Наумофф беше проследен со особено внимание од страна на присутните, кои особено беа изненадени од изнесените факти за Македонија и високото позиционирање од страна на Светската Банка во Извештајот за водење бизнис, како и од реформите кои се спроведени во делот на привлекување на странски инвеститори и креирање на нови работни места. По завршувањето на обраќањето од страна на на Министерот Наумофф, беа побарани дополнителни поединечни средби од страна на високи претставници на присутните компании се со цел утврдување на термини за можна посета на Македонија, се вели во соопштението од Кабинетот на Наумоф.

 

 

 

 

10.06.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега