70 години од формирањето на училиштето „Лазар Личеноски“
Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеновски“ - Скопје денеска одбележува 70 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележена со завршна изложба.
Во училишната галерија „Лазар Личеноски“ ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, керамики, цртежи, мултимедијални дела, видеа, ентериер... Изложбата ќе биде збогатена со модна ревија на одделот за Текстил и облека. Ќе настапат и учениците од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје.
Скопското училиште „Лазар Личеноски“ располага со нов објект и нови современи наставни програми. Од оваа учебна година наставниот план е збогатен со новиот предмет фотографија и со оддел за мултимедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа