Кремљ се огласи за паричната казна за „Гугл“ од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари

 


Властите во Русија денеска објавија дека огромната казна од 2,5 квинтилиони долари што му ја изрече на „Гугл“ од московскиот суд е првенствено симболичен гест што треба да ја поттикне американската технолошка компанија да ги укине ограничувањата за емитување на руските државни канали на „Јутуб“.

Казната што „Гугл“ треба да ја плати е поголема од вкупната сума на пари во целиот свет, пренесува „Гардијан“.

„Не можам ни да ја изговорам оваа бројка, но веројатно е симболична“, изјавил за руските новински агенции портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, казната треба да го поттикне „Гугл“ повеќе да не го ограничува функционирањето на руските радиодифузери.

„Јутуб“ се уште е достапен во Русија, но властите во Москва  се заканија дека ќе го отстранат од мрежата поради забраната за содржина од државните руски медиумски компании.

Руските судови во повеќе наврати го казнија Гугл, сопственикот на платформата Јутјуб, а казната се зголемува секој ден додека компанијата не ги исполни барањата на Москва, додава британскиот весник.

01.11.2024 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега