Трагедија на македонските патишта - во сообраќајка загина едно лице

 


Вчера во 12.39 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.,,8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола.

 

 

 

 

Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола.

Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола.

01.11.2024 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега