Време: Подгответе се за пекол на 34 степени

 

Атмосферата значително ќе се стабилизира во вторник, па затоа во текот на денот ќе преовладува сончево време. Мало зголемување на облачноста ќе има попладне, а сосема минимална веројатност за слабо проврнување ќе има во околината на Шарскиот регион. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец, пишува пецијализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе има вредност во границите од 13°С до 17°С.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност околу 28°С се во котлините во западниот регион, и околу 30°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 34°С.

Вредноста на UV индексот ќе биде 8.

10.06.2014 - 00:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега