Ако патувате за одмор извадете си меѓународна - со биометриската возачка можете само во овие земји

 

Меѓународната возачка дозвола или биометриска возачка е дилемата за возачите кои во претстојната летна сезона ќе излезат надвор од границите на Македонија. Со македонската биометриска возачка дозвола, без да се вади меѓународна, можете без проблем да патувате во четири држави и тоа во Албанија, Шпанија, Италија и Словенија. Меѓутоа, меѓународната возачка дозвола е задолжителна за сите кои со возило сакаат да патуваат во останатите земји, пишува Вечер.
"Република Македонија склучи договори со Италија, Шпанија, Албанија и Словенија за реципрочно признавање на македонските возачки дозволи", изјавија за Вечер од Министерството за внатрешни работи. 
Со склучувањето на овие договори за заемно признавање на возачките дозволи под услов на реципроцитет, како што се наведува, се овозможува на граѓаните на Република Македонија, како и на граѓаните на земјите со кои е склучен договорот за конверзија, а врз основа на прописите кои ја регулираат материјата за престој" во странство, тие да ги променат возачките дозволи без да полагаат теоретски и практичен дел од возачкиот испит. Притоа, одредбите од овие договори за конверзија не се однесуваат на внатрешните прописи во однос на здравствените и психолошките услови потребни за управување со моторните и приклучните возила, кои се поврзани со уверенијата за здравствената и психофизичката состојба на возачите.
Од МВР појаснија дека во тек се билатерални преговори за склучување на исти вакви договори за заемно признавање на возачките дозволи со Австралија и Нов Зеланд, како и со Германија и Австрија.

02.06.2014 - 23:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега