Заврши средбата меѓу Попоски и неговиот австриски колега Курц
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Виена се сретна со неговиот австриски колега Себастијан Курц.
Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е предвидена посета на австрискиот министер Курц на Македонија за време на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, како и културна презентација во Австрија.
Како дел од австриската поддршка на Македонија планирано е и австриски експерти како советници да им помогнат на македонските компании.
На средбата двајцата министри разговарале и за препораката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
- Австрија е одлучна да помогне за евроинтеграцијата на Македонија и регионот. Македонија пак е одлучна да работи кон градење на позитивна клима во соседството. Клучот за преговори со ЕУ е кај Грција, но вратата ќе се отклучи преку ангажман на водството на членките, изјави министерот Попоски.
Шефот на македонската дипломатија престојува во Виена денеска и утре ќе учествува на Виенската конференција за Западен Балкан 2014 и на состанокот на министрите за надворешни работи на замјите членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа