Ќе се спасиме ли утре од дождот?

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има врнежи од дожд најпрво во јужните делови, а потоа ќе се прошируваат и кон север. Се очекува врнежите да бидат пообилни во ноќните часови и тоа во јужните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 20 до 25 степени.

Времето утре во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста која во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во среда наместа ќе има и појава на грмежи, а потоа до петок времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура. 

02.06.2014 - 16:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега