Среде мај падна снег и во Македонија
Студеното време проследено со интензивни врнежи од дожд, на планинските врвови околу Кичево им донесе нова снежна покривка, чија висина изнесува од 5 до 20 сантиметри, јавува Нова Македонија.
„Во текот на денешниот ден обелеа планинските врвови на планините Бистра, Стогово, Баба, Добра Вода,Пространска планина и др., поточно снег падна на повеќето планински врвови со надморска височина над 1.500 метри. Дури снег имаше и во близина на повисоките планински села Душогубица, Малкоец и Ново Село.
Најголеми грижи мајскиот снег им донесе на стадата овци кои кон средината на мај пристигнаа на планинските пасишта на Бистра и Стогово. Ако потрае студеното време, а се задржи и снегот, сопствениците на овие стада ќе мора да обезбедат дополнителни количини храна, бидејќи пасиштата се прекриени со снежен покривач“ - пишува Нова Македонија
Фото: Нова Македонија