Избувнаа 38 пожари - пожарникарите со полни раце работа

 


Во изминатото деноноќие, заклучно со 22 јули 2025 година, регистрирани се вкупно 38 пожари на отворен простор низ Северна Македонија. Според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од нив, шест се сè уште активни, пет се ставени под контрола, а 27 се целосно изгаснати.

 

Надлежните служби интензивно работат на локализирање на следниве жаришта:

  • Општини Василево, Радовиш и Берово: Во село Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

  • Општина Македонски Брод: Три активни пожари – еден кај село Грешница (мешана шума и сува трева), втор помеѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), и трет кај село Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева).

  • Општина Прилеп: Гори кај село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума).

  • Општина Желино: Пожар помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.

 

Следниве пожари се ставени под контрола и се следи нивната состојба:

  • Општина Ресен: Пожар кај село Шурленци до село Езерани (трска и ниска вегетација).

  • Општина Дојран: Пожар кај село Николич (мешана шума).

  • Општина Велес: Пожар кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).

  • Општина Гостивар: Пожар кај село Симница (нискостеблеста и дабова шума).

  • Општина Прилеп: Пожар помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација).

 

Во изминатото деноноќие, целосно се изгаснати 27 пожари во повеќе општини, меѓу кои во Студеничани, Шуто Оризари, Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Брвеница, Желино и Гостивар. Најчесто гореле сува трева, ѓубре, стрништа и ниска вегетација.

22.07.2025 - 09:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега