Општина Карпош: Надградбата на зградата од пред земјотресот е согласно законот

Општина Карпош испрати реакција по текстот кој го објави Press24 по информација добиена од наш читател.

Реакцијата на општина Карпош Ви ја пренесуваме интегрално.

Почитувани, во врска со вашата информација која предизвика контроверзни реакции на граѓаните за еден објект кој се надградува, должни сме да Ви посочиме дека објектот се надградува согласно законските прописи. Како прилог ви доставуваме и:

Наод на утврдена фактичка состојба

На инвеститорот Друштво за производство, трговија и услуги „ТИС ИНЖЕНЕРИНГ РМК“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје од Скопје, од страна на Општина Карпош – Сектор за урбанизам, издадено му е Одобрение за градење УП1БР.35-63 од 04.10.2013 година,правосилно на ден 23.10.2013 со кое му се одобрува наградба на поткровје на објект за колективно домување од втора категорија на бул.„Партизански Одреди“ бр.85, ГПбр.1.1.2, КПбр.2394, КО Карпош во Скопје.            

Составен дел на Одобрението за градење е и заверениот основен проект фаза архитектура и фаза конструкција со тех.бр.24-0/2013 од 30.05.2013 година.

Инспекцискиот надзор е извршен врз основа на член 128 и 137 од Законот за градење, составен од Општина Карпош-Скопје на ден 07.02.2014, по предметот наградба на поткровје на објект за колективно домување на бул.„Партизански Одреди“ бр.85, ГПбр.1.1.2, КПбр.2394, КО Карпош во Скопје.Фаза на изграденост: монтажа на челична кровна конструкција за наградба на кота 16.62м. Одобрението за градење се издава за дел од градбата-наградба на поткровје на објект за колективно домување. Инвеститорот може да ја започне градбата, откако ова одобрение ќе стане правосилно во управната постапка.

 

Покрај тоа извршена е и ревизија на основниот проект со бр.05-Р/2013 од 31.05.2013год. извршен од „Венци Проект“ДООЕЛ Кочани. 

02.06.2014 - 12:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега