ВИДЕО: Погледнете ја новата поставка во Музејот на македонската борба

 

Новата музејска поставка во Музејот на македонската борба за државност и самостојност која денеска беше промовирана, има специфично светло, специјално компонирана музика-звуци, а ангажирани се и актери, кои облечени во соодветни костими прикажуваат сегменти од нашата историја.

Оваа поставка го прикажува ужасот низ кој поминале нашите предци, пред, во време и по илинденскиот период, на Балканските и двете светски војни, на разните поробувачи и репресатори на Македонија.

Во истата се  прикажува делот од македонската историја кој се занимава со актите на репресија, на кои бил подложен нашиот народ, во својата многувековна борба за самобитност.

(Видеото не е препорачливо за лица кои од здравствени причини треба да избегнуваат стрес)

30.05.2014 - 20:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега