Почнуваат со работа скопските базени - еве колку чини картата во секој од нив

Скопските базени се подготвуваат за почетокот на летната сезона.  Олимпискиот базен, базенот во Kарпош, кој е во рамките на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“, воениот базен во Аеродром, како и базенот „Расадник“ во Kисела Вода, пишува поралот Скопјеинфо.

Олимписки базен - работното време на базенот за рекреативци е од 10 до 17.30 часот, а пливачките клубови тренираат од 18 до 20 часот. Базенот ќе биде отворен секој ден, освен понеделник, кога ќе се прочистува водата. За безбедноста на капачите ќе се грижат шест спасувачи, а ако е потребно, односно ако има повеќе посетители, ќе се ангажираат и дополнителен број. Влезниците за возрасни ќе чинат 200 денари, а за деца до 5 години влезот е бесплатен. Исто така има и билет за повеќе влеза.

Kартата за 10 влегувања чини 1.600 денари, за 15 – 2.250 денари, за 20 – 2.800 денари, а за 30 е 3.600 денари.

Базенот „Младост“ во Kарпош 3, кој е стопанисуван од СРЦ „Борис Трајковски“, летната сезона ќе ја почне на 10 јуни, откога ќе биде ставена во функција и летната тераса. Заедно со него ќе почне со работа и Аквапаркот.Рекреативците може да се капат од 10 до 17 часот и од 22 до 24 часот. Во недела од 10 до полноќ. Пливачки клубови базенот го користат во терминот од 17 до 21 часот, секој ден, освен недела.

За безбедноста на пливачите во овој базен се грижат спасувачи, по двајца во смена. Обезбедени се и топли тушеви по пливањето. Цената на дневен билет за возрасни е 200 денари, а има и месечен билет од 1.500 денари, со кој може да се влезе три пати во неделата. Месечно е 2.500 денари и служи за секој ден. За децата до пет години влезот е бесплатен. Услов за капење во овој базен е капа за пливање поради обезбедување хигиенски услови.

- Базенот „Расадник“  ќе почне да функционира од 6 или 7 јуни, информираа надлежните. Базенот ќе биде отворен од 10 до 24 часот. Минатата година, цената на дневен билет била 150 денари.

Воениот базен во Аеродром отворање е најавено за в сабота, 31 мај, во 11 часот. за безбедноста на капачите ќе се грижат спасувачи – по двајца или тројца во смена, зависно од бројот на посетители. Цената за влез е иста како лани – 200 денари дневен билет, а полудневен билет за периодот 15 до 17.30 часот ќе чини 130 денари. Влезот за децата до 2 години е бесплатен.

30.05.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега