Меѓународен ден за борба против пушењето
Зголемете ги даноците, намалете ги смртните случаи и болестите, e мотото со кое годинава се одбележува Светскиот ден за борба против пушењето.
По тој повод Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Инстутутот за социјална медицина и Медицинскиот факултет во Скопје, организираат стручен состанок. Воедно ќе бидат презентирани резултати од Студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во Македонија.
Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против пушењето се најавени и информативни предавања за негативните ефекти врз човековото здравје, што ќе се одржат во 18 основни и средни училишта во Гостивар, во организација на одделението за здравство на Младинскиот совет во општината
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа