Во Охрид не се активирал вулканот - горело ѓубриште

 

Дувлото кое се наоѓа во месноста Косел (не е вулкан) ниту се разбудило ,а ниту проработел вулканот. Лаиците „ексклузвци“ по трка за читаност, несвесно шират паника кај месното население , не само на Косел , туку низ целата општина Охрид , Ресен , Струга и пошироко, пишува локалниот портал Охрид скај.

-Редакцијата на ОхридСкај ја контактираше охридската против пожара бригада, од каде потврдија ,дека денес во попладневните часови било испратено едно возило со обична вода ,која интервенирало на запален отпаден материјал кој бил фрлан кај дувлотово Косел. исто така го контактиравме и ЦУК од каде истото ни беше потврдено , и дека нема место за паника ,како и тоа дек одредени медиуми од влакно сакаат да направат фортома , при тоа не се свесни дека само прават вознемирување кај населението, пишува порталот.

Сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност.Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост. Упатените сметаат дека коселскиот “вулкан“ недоволно е искористен и наместо туристичка атракција, тој денес претствува депонија.

„Косел во поранешна Југославија се учеше во учебниците по географија за основно образование како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. Всушност, станува збор за раседна пукнатина, или пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на земјината површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден,два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион. Станува збор за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан – туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“ – д-р Драган Калчаковски, професор на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

29.05.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега