Ахмети: Последниот предлог на Нимиц е добар - името да се реши што е можно побрзо
За нас, НАТО нема алтернатива. Македонија има потреба за одржлива стабилност и безбедност, здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економски развој и сите тие предуслови овозможуваат благосостојба во општеството. Но, сето тоа се постигнува само преку членството во НАТО.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со француската амбасадорка Лоренс Оер во Мала Речица рече дека Македонија треба побрзо да најде компромис.
„Страните во овој контекст треба што е можно поскоро да седнат и конструктивно да разговараат до пронаоѓање компромис. Овој процес треба да се помогне и од страна на меѓународната заедница бидејќи успехот на овие разговори ќе има позитивно влијание врз земјата и регионот, исто како и договорот помеѓу Приштина и Белград.
Ахмети изрази уверување дека постои простор страните да седнат да разговараат за изнаоѓање компромис за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.“
Нимиц неодамна излезе со предлогот Северна Република Македонија, но не беше прифатлив за преговарачите.
Соговорниците разговараа и за подготовките околу самитот на НАТО во Септември во Кардиф при што повторија дека одлука на алијансата од Букурешт во 2008 година e се уште е на сила и дека за членството на Македонија во НАТО не е потребно да се повика проширувачки самит.
Ахмети ја информираше француската амбасадорка околу разговорите за формирањето на новата влада по изборите како и за подготовките за изборниот конгрес на ДУИ кој што ќе се оддржи на 5 Јуни во Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа