Изгоре училиштето „Дрита“ во село Рашче
Во основното училиште „Дрита“ во скопско Рашче синоќа настанал пожар, кој бил целосно изгаснат за околу час и половина.
Според првичните информации на полицијата, пожарот настанал вчера околу 23 часот, а огнената стихија ја гаснеле седум противпожарни возила.
Според информациите причината за пожарот е старата електрична инсталација, а колкава е материјалната штета допрва ќе се утврдува.
Полицијата сé уште врши увид на местото на настанот и најави повеќе детали за текот на денот.
За денеска е најавена посета на училиштето од страна на градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати.
Министерството за образование и општината сарај финансиски ќе помогнат во обновувањето на училиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа