Првпат во Македонија - балон дилатација на дишни патишта

 

На Универзитетската клиника за уво, нос и грло денеска првпат е извршена балон дилатација на дишни патишта. За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за здравство, Никола Тодоров.

- Направени се две интервенции на двајца млади пациенти. Ова  се исклучително сложени интервенции кои што досега не се изведувале, интервенции кои во Македонија се изведуваат како резултат на едукациите кои се спроведоа во изминатиот период, нагласи Тодоров.

Директорот на Kлиниката Никола Николовски појасни дека оваа нова метода каде е употребена балон дилатацијата на дишни патишта е многу слична како кај балон дилатацијата на крвните садови.

- Интервенцијата беше врз двајца пациенти кои доживеале мултипли фрактури и тешки повреди. Ефектите се беспрекорни. Кај едниот пациент буквално добивме комплетен душник, од една третина намален лумен за дишење, комплетен душник. Вториот исто така помина изворедно, истакна Николовски.

 

28.05.2014 - 15:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега