Му ја продал „Корсата“ на прилепчанец со фалсификат документи

 

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против лицето И.К.(38) за кое се сомневаат дека ја фалсификувал исправата за неговото возило „Опел Корса“.

И.К. во 2012 година од Австрија врз основа на купопродажен договор купил ПМВ „Опел Корса“, за што изработил фалсификат документи-согласност за регистрација, по што пријавениот го продал возилото на лице од Прилеп кој го регистрирал и го пуштил во патен сообраќај.

Од страна на крим техника од извршено вештачење на документот-согласност за регистрација, утврдено е дека се работи за фалсификат во однос на печатот и потписот кој се внесени во документот, при што од страна на полициските службеници е одземена сообраќајната дозвола и регистарските таблици заради дерегистрирање на истото.

28.05.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега