Делчево: И се заканил дека ако му раскине ќе и ги објави голите слики
Дваесет и две годишниот К.А. од Делчево и се заканил на неговата поранешна девојка, дека доколку му раскине ќе и го објави фотографите со порнографска содржина. Таа веднаш ја пријавила заканата во полиција, по што веднаш ќе биде поднесена кривична пријава.
Откако девојката го одбила момчето, тој прво ѝ побарал 100 евра, а потоа ја зголемил сумата и побарал 300 евра со цел да не ги објави клипот и фотографиите кои ги поседувал. Во јануари годинава, откако девојката го пријавила случајот во полиција, и биле дадени шест банкноти во апоени од по 50 евра кои биле обележани. Таа отишла пред куќата на момчето и му ги дала банкнотите. Потоа полицајците го претресле неговиот дом и ги пронашле парите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа