Тодоров: Една година затвор ако не се снимаат операциите за да се види чија е грешката
Нема повеќе неосновани обвинувања дали станува збор за лекарска грешка при одредени случаи бидејќи се ќе се снима, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Министерот за здравство, Никола Тодоров го промовираше Правилникот за снимање на медицински интервенции и чување на снимките.
Задолжително ќе се снимаат специфичните случаи, операции кои ретко се прават и интервенции за кои има мал број на обучени доктори. Ќе се снимаат сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, а по барање на докторите специјалисти може да се снимаат и други.
Правилникот ќе стапи во сила од 15 септември годинава.
Оние директори кои нема да го почитуваат ова правило ќе сносат големи казни од парични, до една година затвор.
ФОТО: Канал 5