Црвенковски дефинитивно си заминува на 2 јуни

Лидерот на СДСМ нема да се кандидира за нов претседателски мандат во најголемата опозициска партија на конгресот кој социјалдемократите го закажаа за втори јуни, јавуваПлусинфо повикувајќи се на свои извори на Бихаќка. Ваквата одлука на Извршниот одбор на партијата треба да ја потврди највисокото партиско тело, Централниот одбор на состанокот кој е закажан за во четврток.
Црвенковски им соопштил на своите сопартијци дека нема да бара нов мандат. Во игра за неговата фотеља во јавноста веќе се вртат имињата на Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски и Кире Наумов.