Проверете дали утре ќе останете без струја

Дел од корисниците од улиците „Наум Охридски“, „Банско“, „Баница“ и „Рилски Конгрес“ во општина Центар утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со  електрична енергија.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Грчец улици 1, 2, 4 и 5, а од 9:00 до 14:00 часот и корисниците од улиците „Радњанска“ и „Раде Кончар“ во општина Центар.

Во периодот од 10:00 до 15:00 часот електрична енергија ќенемаат и корисниците од дел од селото Семениште, од 8:30 до 15:30 часот корисниците од објектите во паркот во Ѓорче Петров, од 8:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Лазар Личеноски“ во општина Центар, од 10:00 до 14:00 часот корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 109 блок, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улицата Белчишка бр. 5 во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

20.05.2014 - 17:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега